Македонија
2. October 2016 - 19:51

ЕУ објави итна хуманитарна иницијатива за Алепо

Европската комисија соопшти денеска дека почнува итна хуманитарна иницијатива за да може хуманитарни организации да му помогнат на населението во вториот по големина град во Сирија, Алепо.

Градот е под опсада на владините сили.

- ЕУ мобилизира 25 милиони евра за хуманитарни партнери за да бидат покриени потребите од лекови и и храна во Алепо, наведуваат во соопштение шефот на европската дипломатија Федерика Могерини и европскиот комесар за хуманитарни прашања Христос Стилијанидис.

Иницијативата се спроведува заеднички со ОН за да се спречи „хуманитарната трагедија“, наведуваат тие. Во Алепо во моментот има околу 250.000 жители.