Македонија
22. March 2023 - 16:32

ЕУ обезбеди грант од 70 милиони евра за прочистителна станица во Скопје

ЕУ ни’ даде 70 милиони евра грант за изградба на пречистителната станица која ги скара скопската градоначалничка и ВМРО-ДПМНЕ. Со ова е заокружена финансиската рамка од 200 милиони евра.

Постапките се завршени, но договори за изградба и надзор се уште не се потпишани. Потпретседателката на Европската инвестициска банка вели дека тендерот е чист и досега не се утврдени никакви отстапки.

Процесот на набавка беше успешно завршен. Немаше никакви отстапки и имаме зелено светло за потпишување на договорот за изградба и надзор од страна на Водовод и канализација. Во оваа фаза немаме проблеми“ – Лилјана Павлова, заменик-претседателка на ЕИБ

Арсовска, пак, тврди дека процесот е без дамка затоа што го разреши претходниот директор на Водовод, Перински, обвинувајќи дека го фатила со „рачиња во медот“ поради самоволие и несоодветно постапување во изборот на изведувач. 

Нема проблем затоа што не дозволивме да има проблем. 6 месеци подоцна не дозволивме да има проблем. И јас ве повикувам како објективни меидуми на следната прес конференција кога ќе отидете во партискиот штаб на оние коишто инсинуираа со некакви турски фирми да ги прашате каде се турските фирми и каде се турските инвеститори“ – Данела Арсовска, градоначалничка на град Скопје

Од лагите остана медот и срамот за Данела и владата на СДС, за народот пречистителна станица. Најмалку што може денес Арсовска и СДС  да направат е да се извинат за лагите кон Мицкоски, Перински и ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска рекла, Арсовска порекла. Арсовска си срка тоа што плукала, велат оттаму.

Проектот треба да биде над сите политички интереси, смета министерката за животна средина. Очекува документите да бидат потпишани деновиве.

Остануваат заедничките обврски со нашите партнери, во случајот Град Скопје, секако и Општина Гази Баба во делот на завршување на процесот на експропријација, како и дооформување на урбанистичко-планската документација и секако потпишување на договорите за градба и надзор од страна на јавното претрпијатие Водвод и канализација“- Каја Шукова, министерка за животна средина

Пречистителната станица ќе се протега на површина од 13 хектари. Ќе ја третира и прочистува водата за 540 илјади жители. 70% од искористената вода ќе може да се употреби, а водата од Вадар ќе биде помалку загадена.