Бизнис
17. May 2019 - 16:18

ЕУ: Нетрошењето на парите за капитални инвестиции е вистинска штета

Стабилизација на долгот, повеќе капитални инвестиции, намалување на невработеноста кај младите и борба со сивата економија. Ова се само дел од препораките на ЕУ во кој правец треба одат реформите во земјава.

Долгот во моментов изнесува 43% од БДП, и тоа не е многу. Но ЕУ бара во  него да влезат и долговите на јавните претпријатија кои постојано растат. Според европските критериуѕми јавниот долг не смее да надминува 60 % од БДП.

Сивата економија јаде меѓу 20 и 40% од БДП. Владата да вложи напори за борба со неформалниот секор кој создава нелојална конкуренција затоа што нерегистрираните фирми не плаќаат даноци, немаат контрола и не ги пријавуваат работниците. Предизвик за Владата е и невработеноста кај младите која изнесува 45% за разлика од ЕУ каде е 15%.

Проблем за ЕУ е и нетрошењето на парите наменети за капитални пректи кои треба да испорачаат раст на економијата.

Препораките доаѓаат во исто време со Министерскиот дијалог кој денеска се одржува во Брисел и на кој пресуствуваат земјите од Балканот и Труција. Земјава ја претставуваат министерот Тевдовски и гувернерката Бежоска.