Loading Video...
Свет
14. April 2021 - 19:51

ЕУ нема да ги продолжи договорите со производителите на вакцини со вирусни вектори

Европската комисија одлучи договорите со производителите на антиковид вакцини со вирусни вектори кои важат за тековната година да не бидат обновени по нивното истекување. Тоа се договорите со Астра Зенека и Џонсон и Џонсон.
 
Од Комисијата велат дека ќе набавуваат RNA вакцини, како што се тие на Фајзер и Модерна. Во меѓувреме Данска стана првата земја во светот која одлучи трајно да ја прекине имунизацијата со Астра Зенека вакцината  против Ковид-19.