-->
-->
ЕУ: Можни се нови санкции против Иран
-->
Амбасадорите на Европската унија разговараа денеска за можни нови санкции против Иран на предлог на Британија, Франција и на Германија. Одлуката за нивно воведување може да биде донесена на состанокот на министрите за надворешни работи во следната недела.
– Идејата е да се дојде до конечна одлука по прашањето за санкции врз Иран до состанокот или на самиот состанок на Советот на министри за надворешни работи во април, изјавил неименуван дипломат.
Состанокот најверојатно ќе биде закажан на 16 април во Луксембург. Британија, Франција и Германија предложија воведување нови санкции од ЕУ против Иран поради неговите балистички ракети и улогата во судирите во Сирија, наведуваат западни медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус