Балкан
26. November 2019 - 16:29

ЕУ мобилизира тимови за помош по земјотресот во Албанија

Три спасувачки тимови од Европската унија веќе ги мобилизира Брисел по земјотресот во Албанија.

Од Канцеларијата на ЕУ во Тирана соопштија дека е мобилизиран Европски механизам за цивилна заштита за помош на Албанија во справување со последиците од силниот земјотрес. Тие нагласуваат дека се достапни и дополнителни средства од ЕУ.

– Тимови од Италија, Грција и Романија веќе се во Албанија, а помош понудија и Унгарија, Германија, Хрватска, Франција, Естонија и Чешка, се вели во соопштението.