-->
-->
ЕУ легализира штурци и ларви за јадење
-->
Домашните штурци и ларвите на бубачката Tenebrio molitor, односно брашнарските црви, ќе бидат дозволени како храна во Европската Унија според новите регулативи.
Домашниот штурец од денеска може да се користи замрзнат, сушен или во прав, а од четврток и ларвите.
Слични правила веќе постојат за миграционите скакулци и ларвите на жолтиот црв.
Осум дополнителни барања за одобрување на инсекти како храна во моментов се разгледуваат од Европската комисија, бидејќи производителите треба да аплицираат за одобрение за секој инсект што сакаат да го пуштат на пазарот.
Храната што содржи инсекти во ЕУ треба да биде јасно означена, вклучувајќи го и името на видот.
Според процената на комисијата, домашните штурци и ларвите на брашнарските црви се безбедни за човечка исхрана, но може да претставуваат ризик за луѓето кои страдаат од алергии на храна.
Инсектите се сметаат за хранливи и богати со протеини и се дел од вообичаената кујна во многу земји. Тие, исто така, можат да придонесат за одржлива исхрана бидејќи може да се одгледуваат на релативно ефикасен начин во однос на користење на ресурсите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица