Loading Video...
Свет
25. September 2018 - 16:33

ЕУ контра САД – заобиколување на санкциите кон Иран

Иран во целост ги исполнува обврските од нуклеарниот договор од 2015  склучен со Германија, Франција, Велика Британија, Русија и Кина. Ова го изјави   шефицата на европската диплолатија Могерини по средбата со претставници на земјите потписнички во Њујорк.

На средбата  било договорено земјите потписнички заедно со ЕУ да формираат финансиски механизам кој ќе им овозможи да тргуваат со Иран, без страв од санкции од страна на САД кои Трамп ги најави откако го напушти нукерланриот договор.

 Многумина дипломати и аналитичари се скептични дека ваков механизм е изводлив со оглед на тоа што Вашингтон би можел да ги измени  своите закони за санкции  и да ги опфати  таквите трансакции на размена.