Балкан
19. February 2016 - 8:51

ЕУ ќе одржи нова средба на високо ниво со Турција по прашањата за миграцијата во почетокот на март

ЕУ ќе одржи нова средба на високо ниво со Турција по прашањата за миграцијата во почетокот на март, соопшти претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, по првиот ден на средбата на високо ниво во Брисел, јави ТАСС.

Европскиот официјален претставник рече дека средбата е предвидена за 5 март.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу требаше да пристигне во Брисел во четврток, но посетата беше одложена поради терористичкиот напад во Анкара претходниот ден.

Доналд Туск рече дека земјите од ЕУ го потврдиле пред Турција својот ангажман во однос на миграцијата во рамки на заедничкиот план за дејствие.