Свет
6. March 2017 - 11:37

ЕУ ќе одобри формирање штаб за воени обуки за мисиите во Сомалија, Мали и ЦАР

Европската унија ќе одобри формирање на штаб за воена обука на мисиите во Сомалија, Мали и Централноафриканската Република.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека денеска ќе побара од министрите за одбрана и за надворешни работи „да донесат неодложна одлука“ по тоа прашање.

Таа истакна дека тоа ќе овозможи „поефикасен пристап на веќе постоечките мисии за воена обука“.

Терминот „штаб“ е непознат во Брисел, бидејќи некои членки, како што е Велика Британија, сметаат дека ЕУ не треба да троши пари како НАТО.