ЕУ ќе обезбеди дополнителна опрема за производство на електрична енергија во Украина
– ЕУ ќе и обезбеди на Украина повеќе од 200 трансформатори и генератори на струја, соопшти денеска претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Поголемиот дел од техничките средства се донации од Латонија и Литванија, а во пратката ќе бидат вклучени и дел од залихите на ЕУ, складирани во Романија.
Во објавата на Фон дер Лајен се вели дека Еврокомисијата ќе ја олесни распределбата на донации од компании и организации кои сакаат да и помогнат на Украина да се справи со ефектите од руските воздушни напади врз цивилната инфраструктура. Донациите се очекува првично да бидат насочени кон Полска.
Претседателката на ЕК ги окарактеризира руските воздушни напади како сурови и намерно насочени кон инфраструктурата. Таа вели дека ЕУ се обидува да помогне во обновувањето на греењето и електричната енергија во Украина што е можно повеќе.
Ново на Сител
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата