Свет
4. August 2017 - 19:14

ЕУ ќе ги прошири санкциите против Русија во однос на случајот со ветерници на „Сименс“

Европската унија одлучи денеска да додаде уште имиња и компании на листата за санкции против Русија поради ветерници на германската компанија „Сименс“, доставени за Крим, изјавија дипломатски извори.

Земјите-членки на ЕУ имаат рок, кој истекува подоцна денеска да поднесат приговори против предлогот за проширување на листата. 

Според дипломатски извори изгледа дека сепак нема да има препреки и оти одлуката ќе биде донесена.

Германија предложи минатиот месец на црната листа да бидат вклучени уште четири руски државјани (меѓу кои и вработени во Министерството за енергетика), како и три руски фирми, вклучувајќи ги и оние кои го доставиле турбините на полуостровот. 

Земјите од ЕУ треба едногласно да одлучат за воведување на санкциите.