ЕУ ќе дебатира за план за „нула штетни гасови“ до 2050 година
Лидерите на земјите-членки на ЕУ може да се договорат за поддршка за постигнување „нула штетни гасови“ до 2050 година, јавија бриселски медиуми, по увид во текст подготвен за ЕУ-средба на врвот што ќе се одржи денеска и в петок.
Во документот се упатува повик до блокот да „напредува во работата за услови, иницијативи и создавање рамка со цел да се увиди како да се гарантира премин кон климатски неутрална ЕУ до 2050 година.
Досега тој план има целосна поддршка од 22 од 28 држави од ЕУ.
Покрај тоа, постои и формулација што има за цел да ги смири противниците на таа мерка, како што се Полска и Чешка, која вели дека таквите напори мора „да ја зачуваат европската конкурентност, мора да бидат фер и социјално избалансирани, да ги земе предвид националните околности на земјите-членки и да се почитува нивното право да донесуваат одлуки за нивниот сопствен енергетски микс“.
Ново на Сител
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници