Македонија
16. October 2015 - 12:37

ЕУ ќе бара од Србија да воведе санкции кон Русија

ЕУ ќе бара од Србија политички да се одрече од Русија, како дел од условите за напредок во преговорите за пристапување кон Унијата, пишува белградскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на западни диплотамски претставници.

Според весникот освен поврзаните со Косово услови кон Србија, ЕУ подготвува и друг услов во врска со Русија.

Со цел да се отвори поглавјето 31 за надворешна политика, властите во Белград ќе треба во многу поголем степен, отколку досега, да ја усогласат политиката со Брисел. Тоа значи дека Србија ќе треба да се приклучи кон европските санкции против Русија, наведуваат дипломатски претставници. 

Весникот наведува дека сите српски раководители, премиерот Александар Вучиќ, претседателот Томислав Николиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ во досегашните реакции јасно ставиле до знаење дека ЕУ може да бара од Србија се, освен да го признае Косово и да воведе санкции кон Русија.

Според експертите одбивањето на Белград да се приклучи кон санкциите ќе биде критикувано и во извештајот за напредокот на Србија кон ЕУ, што ЕК ќе го објави овој месец.