Свет
22. May 2018 - 21:51

ЕУ: Изборите во Венецуела не ги исполнија стандардите

Изборите во Венецуела, на кои Николас Мадуро освои нов шестгодишен претседателски мандат, не ги исполнија меѓународните стандарди, соопшти денеска Европската унија и порача дека го разгледува својот одговор.

- ЕУ и нејзините држави членки ќе разгледаат усвојување адекватни мерки, се наведува во соопштение на Унијата, но не се образложува каков ќе биде одговорот.

Во соопштението се оценува дека претседателските и регионалните избори во Венецуела се спроведени без национален договор за изборниот календар, како и без исполнување на минималните меѓународни стандарди за веродостоен процес.