Македонија
13. July 2016 - 19:51

ЕУ институционална средба со Министерството за правда

Вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска одржаа  втор работен ЕУ координативен состанок со министерот за  правда Валдет Џафери.

- На состанокот се дискутираа активностите кои се преземаат во областите на судството и борбата против корупцијата, а се поврзани со процесот на европска интеграција, односно Итните реформски приоритети, како и статусот на релевантните проекти финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), соопшти Секретаријатот за европски прашања. 

Вториот состанок е дел од циклусот ЕУ институционални средби, чија цел е да се обезбеди дополнителна координација на реформите во процесот на европската интеграција. СЕП најави дека средбите ќе продолжат во наредниот период и со други релевантни институции.