ЕУ им додели помош на Македонија и Турција за справување со бегалците
Лидерите на ЕУ донесоа одлука да им доделат финансиска помош на Македонија и Турција за справување со напливот на бегалци, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер по завршувањето на Самитот на Унијата, што траеше до раните утрински часови.
Како што јави ТАСС, со оваа одлука, ЕУ ќе и додели 700 милиони евра на Македонија и една милијарда евра на Турција.
Покрај ова, лидерите на ЕУ решиле да одделат и 100 милиони евра итна помош за земјите-членки на Унијата кои во најголема мерка се судираат со бегалскиот бран, како и 600 милиони евра за потребите на Европската агенција за обезбедување на границите Фронтекс и за Европол за следната година.
Претседатлот на Европскиот совет, Доналд Туск пак информира дека лидерите на ЕУ решиле да одделат и доплнителни една милијарда евра за помош на сириските бегалци згрижени во земјите од Блискиот Исток.
Како што јави ДПА, овие средства ќе им бидат исплатени на Светската програма за храна и на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).
Решено е и до крајот на ноември на надворешните граници на ЕУ да почнат да функционираат центри за прием и регистрација на бегалци, истакна Туск, додавајќи дека се очекува во следниот период околу еден милион имигранти да се обидат да влезат во Европа.
Ново на Сител
-
Денеска е Светскиот ден на туризмот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе ќари ли Бугарија поени откако падна одлука Тирана и Скопје одделно да чекорат до ЕУ?
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер и специјалист за безбедност во сообраќај
-
Орбан пристигна во Охрид
-
Општините да внимаваат како ќе ги трошат парите од унгарскиот заем
-
Албанија ги почнува преговорите со ЕУ, Македонија останува во европската чекална
-
Бугарските политичари го поздравуваат раздвојувањето на Македонија и Албанија