ЕУ и „Новавакс“ договорија набавка на 200 милиони вакцини
Европската комисија одобри договор за набавка на 200 милиони вакцини од американската компанија „Новавакс”, соопшти Комисијата.
Според договорот, земјите -членки на ЕУ ќе можат да купат до 100 милиони вакцини, со опција до 2023 година да можат да набават дополнителни 100 милиони, кога ќе бидат одобрени од регулаторната агенција на ЕУ за лекови (ЕМА), која во моментов го разгледува барањето за акредитација, соопшти Комисијата.
„Додека во Европа и светот се шират новите варијанти на коронавирусот, новиот договор со компанијата што веќе успешно ги тестираше своите вакцини против овие варијанти е дополнителна препорака за заштита на нашата популација“ изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, пренесувa Гардијан.
Комисијата додава дека договорот ќе им овозможи на членките на ЕУ да ги добијат првите дози на „Новавакс” веќе од последниот квартал од оваа година.
„Новавакс” преку соопштение потврди дека работи на тоа во третиот квартал од годината да ги достави сите податоци за вакцината до Агенцијата за лекови на ЕУ, додавајќи дека по очекуваното одобрување ќе следи испораката на почетните дози на вакцината.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица