Македонија
16. October 2015 - 16:54

ЕУ и Македонија мора да седнат на заедничка рамноправна ,,маса’’ за решавање на мигрантската криза

Македонија и Србија се клучни во менџирање на мигрантската криза и УНХЦР настојува Брисел да овозможи поголема помош за овие две држави, порача високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутиереш на средбата со претседателот Иванов во Женева.

Иванов објаснувајќи ја моментната состојба, ги посочил мерките и активностите што се преземаат при влезот, транзитирањето и излезот на мигрантите воземјава и побарал поголема техничка и кадровска поддршка, како опрема за регистарација на мигрантите и надзор на државната граница, но, пред се финансискаподдршка, заради ограничени капацитети на Македонија за пружањето помош и згрижување на бегалците, кои се финансираат од државниот буџет со минимална доделена помош од страна на ЕУ.

 Мигрантската криза не може да се реши со бирократски одлуки, туку со секојдневно менаџирање на теренот, истакнал Иванов кој укажал и на потребата од соработка и комуникација во воспоставување на мрежа за размена на податоци, бидејќи како што истакна Иванов во обраќањето на форумот Кран Монтана посветен на мигрантската криза, развојот на настаните укажува на тоа дека мигрантската криза дополнително ќе се комплицира. Ако Унијата навреме ја интегрираше Македонија како клучениот коридор низ кој минуваат бегалците, состојбата ќе беше поинаква.

 -Згрижувањето на мигрантите во балкански држави кои не се членки на Унијата е неодржливо, бидејќи тие држави немаат ниту капацитет ниту ресурси за да се справат со надоаѓачките бранови на мигранти’’, изјави Иванов пред присутните на форумот.

Оттаму, Иванов побара рамноправен третман, кога станува збор за сите одлуки што се однесуваат на мигрантската криза.

-Очигледно е дека Унијата нема заедничка политика во однос на мигрантската криза. Ние мора да бидеме на масата тогаш кога ќе се креира таа политика. Не може да се одлучува за балканскиот мигрантски коридор без учество на земјите низ кој минува тој коридор, независно дали се членки или кандидати за членство во Унијата. Балканот е дел од Европа, и Европската унија не може да зборува во името на цела Европа сè додека не го интегрира Балканот, порача Иванов.

Резимето од дводневниот форум Кран Монтана посветен на безбедносата, борбата против тероризмот и справиување со мигрантската криза е фактот дека без седнување на заедничка, рамноправна маса помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија нема да има успех во справувањето со бранот бегалци, а за решавањето на нивниот проблем треба да се делува во извор, во жариштетот на кризата, во земјите зафатени со војна и терор, од каде доаѓаат истите.

Од Женева, Швајцарија, Валентин Николоски, Сител ТВ