Свет
5. January 2020 - 12:19

ЕУ го повика Зариф на разговори во Брисел

Иранскиот министер за надворешни работи е поканет во Брисел, соопшти Европската унија денеска, со повик за „деескалација на тензиите“ во Заливот по американските воздушни напади во кои загина ирански генерал.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, го повика во Брисел Мохамед Џавад Зариф за време на телефонски разговор овој викенд, се вели во соопштение.