Свет
17. December 2020 - 14:36

ЕУ ги заврши разговорите со Новавакс за 200 милиони вакцини

Европската унија ги заврши прелиминарните разговори со американската фармацевтска компанија Новавакс со цел да обезбеди 200 милиони дози од нејзината потенцијална вакцина против коронавирусот.

– Предвидениот договор претпоставува можност членките да купат 100 милиони дози со можност да купат уште 100 милиони, соопшти портпаролот на Европската комисија.

Заклучувањето на прелиминарните разговори ја отвора можноста за преговори за договор со Новавакс, а тој процес може да трае со месеци.

Евентуален договор со Новавакс би бил седмиот што ќе го склучи Европската унија со производители на вакцини против коронавирусот.

Веќе има договори со АстраЗенека, Џонсон и ЏОнсон, Фајзер и Бионтек, Кјурвак, Модерна и Санови-ГСК за вкупно скоро две милијарди дози.