Македонија
28. February 2020 - 17:59

ЕУ ги повика телевизиите и операторите на дијалог, МИОА - нема да има прекин на програмите

Власта уверува дека нема да има прекин на емитувањето на домашните и странски телевизиски канали. Од министеството за информатичко општество тврдат дека се прават секојневни напори за изнаоѓање решение преку состаноци со опеарторите и радидифузерите, но законски измени нема да прават бидејќи во земјава мора да има почитување на авторските права.

Секое драстично решение кое ќе биде на грбот на граѓаните, ќе има подеднакво негативен ефект и на самите оператори и на радиодифузерите. Едноставно сите ќе изгубат. Решението е во дијалог во насока на наоѓање на решение за проблемот. Ние сме оптимисти, уверени дека такво решение постои, а се надеваме дека постои и добра волја. Решението е во дијалогот. Сакаме да ги увериме граѓаните дека се преземаат сите потребни мерки и дека нема да дојде до исклучување на каналите – велат од Министерството .

Од каде во исто време потсетуваат и за важноста за почитување на авторските права, нешто што во земјава е децениски проблем.   

Ние сме последна земја во Европа во која сѐ уште владее вакво беззаконие. Доколку операторите и радиодифузерите досега се договореа за механизми за начинот на кој ќе се обезбеди почитување на авторските права, денес немаше да бидеме во ваква ситуација – потенвираат од Министерството за информатичпко општество.

Состојбата ја следи и делегација на Европската унија во земјава од каде апелираат на почитување на слободата на изразување и правото на граѓаните за пристап до информации.

Ги повикуваме Владата, Телевизиите и телекомуникациските оператори во Република Северна Македонија да седнат на маса заедно со Регулаторот за медиуми и да изнајдат одржливо решение што ги почитува овие принципи, односно е прифатлив за сите оператори на пазарот и обезбедува имплементација на правата на интелектуална сопственост. Делегацијата на ЕУ е подготвена да обезбеди техничка поддршка за зајакнување на правната рамка и обезбедување на сеопфатен и козинстетен пакет на правила за медиумскиот сектор за сите релевантни чинители, потенцираат од Делеганијата на Европската унија во земјава.

Реакциите следуваат само еден ден откако оператореите се заканија дека од понеделник ќе го прекинат реемитувањето на македонските и странските канали.