ЕУ ѕвезди - дебата на тема „Капитализам наспроти социјализам"
Во организација на Секретаријатот за европски прашања денеска се одржа третата дебата од циклусот „ЕУ Ѕвезди“ на тема: „Капитализам наспроти социјализам“ на која дебатираа студентите од Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје.
Пред започнување на дебатата, на студентите им се обратија вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми и Ректорот на Универзитетот Исмаил Каџајусуфоглу кои ја истакнаа улогата на дебатите во развојот на демократските општества.
Денешната дебата, како што соопштија од СЕП, има за цел да го зголеми интересот и знаењето на младите лица за прашања и теми поврзани со ЕУ.
Преку дебатите, СЕП цели кон овозможување отворен форум за дебата помеѓу младите насочен кон охрабрување на критичното милење и поттикнување на култура каде на дебатата се гледа како демократски начин за надминување на разликите во мислењата.
Дебата која се одржа денеска е дел од дебатниот циклус во рамките на иницијативата „ЕУ Ѕвезди” кој започна со реализација во мај 2015 година и ќе продолжи и понатаму во текот на годината со цел да се слуша гласот на младите како идни европски граѓани. Дебатата е дел проектот на СЕП Младите за ЕУ.
Ново на Сител
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот