ЕУ досега издаде над 591 милион ковид-сертификати
Во ЕУ досега се издадени 591 милион ковид-сертификати, соопшти портпаролот на Европската комисија.
Комисијата денеска го усвои извештајот за Дигиталниот сертификат за ковид на ЕУ и неговата имплементација низ ЕУ. Извештајот покажува дека сертификатот на ЕУ е клучен елемент во одговорот на Европа на пандемијата на Ковид-19, со генерирани повеќе од 591 милион сертификати.
Податоците на ЕК покажуваат дека сертификатите придонеле за двојно зголемување на бројот на цивилни летови во јули во споредба со истиот месец минатата година. Според портпаролот, европските сертификати се признаваат во 43 земји, од кои 16 се надвор од ЕУ. Тој додаде дека 60 странски земји сакаат да се поврзат со европскиот систем за сертификатите за да обезбедат меѓусебно признавање со нивните сертификати за вакцинирани, прележани и тестирани.
Портпаролот истакна дека ЕУ преговара со 27 од тие земји. Според него, 20 земји од ЕУ ги користат сертификатите не само за патување во Европа, туку и за домашни цели.
Следната проценка на валидноста на сертификатите се очекува на 31 март следната година, се вели во соопштението на ЕК. Прецизирано е дека дотогаш Комисијата може да предложи продолжување на користењето на сертификатите, во зависност од развојот на пандемијата.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто