Свет
8. May 2021 - 13:42

ЕУ договори потенцијална набавка на 1,8 милијарди дози вакцини од „Фајзер/Бионтех“

Европската унија потпиша голем договор за можна набавка на 1,8 милијарди дози антиковид вакцини од компанијата Фајзер/Бионтех до 2023 година, со што се зајакна нејзината поддршка за компаниите и нивната нова технологија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во порака на Твитер напиша дека нејзината канцеларија одобрила договор за „гарантирано снабдување со 900 милиони дози вакцина Фајзер / Бионтек“, со опција за дополнителни 900 милиони дози.

Новиот договор, поддржан од земјите-членки на ЕУ, вклучува не само производство на вакцини, туку и осигурување дека сите основни состојки се со потекло од ЕУ.

Европската комисија досега нарача 2,3 милијарди дози вакцини од шест компании.