Свет
11. September 2017 - 13:50

ЕУ додели две милиона евра за справување со штетите од ураганот Ирма

Европската комисија соопшти денеска дека доделила два милиона евра за земјите од Карибите, кои претрпеа огромни штети од ураганот Ирма. 

Се посочува дека, тоа е само првична помош, како и дека сите земји од регионот можат да побараат европска поддршка. 

Комисијата забележа, дека е целосно подготвена да соработува со земјите од Карипските Острови и САД. 

На местото се испратени екипи од Европската унија, кои ги проценуваат штетите. 

Помошта, што беше дадена денеска, ќе биде искористена за обезбедување на чиста вода, здравствена нега и други основни потреби.