Македонија
28. February 2020 - 14:31

ЕУ Делегација: Да се изнајде решение кое обезбедува имплементација на правата на интелектуална сопственост

Делегацијата на Европската Унија во земјава е запознаена и ја следи преписката помеѓу Македонската медиумска асоцијација и Здружението на информатичко-комуникациски технологии.

Оттаму потсетуваат на важноста на слободата на изразување, слободата на медиумите и пристапот до информациите на сите граѓани. 

-Ги повикуваме Владата, Телевизиите и телекомуникациските оператори во Република Северна Македонија да седнат на маса заедно со Регулаторот за медиуми и да изнајдат одржливо решение што ги почитува овие принципи, односно е прифатлив за сите оператори на пазарот и обезбедува имплементација на правата на интелектуална сопственост. Делегацијата на ЕУ е подготвена да обезбеди техничка поддршка за зајакнување на правната рамка и обезбедување на сеопфатен и козинстетен пакет на правила за медиумскиот сектор за сите релевантни чинители, велат од Делегацијата на Европската Унија во земјава.

Даниел Василев