Балкан
20. May 2016 - 17:01

ЕУ дава 56 милиони евра итна помош на Грција за мигрантите

Европската комисија на Грција и додели 56 милиони евра на име итна помош за подобрување на условите на мигрантите.

АНА пренесува дека средствата се наменети за зајакнување на капацитетот на грчките власти за регистрација на новопридојдените мигранти и нивните барања за азил.

Грчката агенција наведува дека од вкупната сума, 46 милиони евра се обезбедени од Фондот за азил, миграција и интеграција (АМИФ), а преостанатите десет милиони евра стигнуваат од Меѓународниот безбедносен фонд (ИСФ).