Loading Video...
Бизнис
26. October 2021 - 17:05

ЕУ без договор како да се спречи ценовен шок поради енергетската криза

Нема договор меѓу европските земји за заеднички одговор за енергетската криза. На денешниот состанок на министрите за енергетика во Луксембург се доближени ставовите, но се уште не се знае како Европа ќе се справува со ценовниот шок односно какви мерки ќе бидат преземени. Еден од предлозите е помали даноци за малите фирми, како и поддршка за најсиромашните.

Европските министри имаат договор околу тоа да се почне проверка на трговците со гас која ќе покаже дали тие манипулираат со цената на овој енергенс во услови кога цените на струјата сер највисоки досега.

Оваа истрага ќе биде насочена главно кон руски Гаспром. Полска уште на минатиот состанок побара да с епровери дали енергетскиот гигант прекришил некое од правилата со тоа што не доставил дополнителни колични гас на пазарите.