ЕУ бара продолжување на истрагите за корупција
Европскиот амбасадор во земјата Жбогар очекува политичките лидери и парламентот да најдат решение за идното функционирање на СЈО. Европскиот дипломат оваа порака ја упати од МНР на панел дискусијата за националните перспективи на крај од романското и почетокот на финското претседателство..
Во последно време имаше некои одлучни чекори на јавните обвинители и ние ги подржуваме нивните активности. Во исто време со нетрепение очекуваме да најдар решение за СЈО. Вчерашното повлекување на Јанева повлече да политичките лидери и собранието да најдат решение, изјави Самуел Жбогар ЕУ амбасадор
Потпредседателот на Владата Бујар Османи, во име на партијата од која доаѓа порача дека се разочарани од вчерашните случувања, но порача дека државата има потрерба од институција за гонење на висок криминал.
-Разочарани сме од тоа што се случи вчера. Ние сме против селективна правда. Треба институциите да го истражат случајот, но Демократската унија за интеграција останува на ставот дека Република Северна Македонија има потреба од институција што ќе биде фокусирана на борба против корупцијата на високо ниво во политиката. Тоа е барање на Европската Унија, тоа е барање на граѓаните, и со таков став ќе се претставиме на лидерската средба“, изјави Бујар Османи.
И додека Специјалното јавно обвинителство е едно од улсовите за почеток на преговорите, амбасадорот на Финска во земјава, држава која претседава со Европскиот совет порача дека ќе ја поодржат Македонија за почеток на преговорите наесен, но земјата мора да ги заврши домашните работи меѓу кои е и борбата перотив корупцијата која е застапена на многу полиња.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар