Балкан
15. April 2016 - 10:19

„Етнос“: Млеко од увоз се продава во Грција како грчко

Млекопроизводителите во Грција се почесто увезуваат млеко од балканските земји или од Источна Европа, кое потоа го продаваат како да е грчко, тврди атинскиот весник „Етнос“.

Според весникот, грчките производителите купуваат млеко од странство по пониски цени отколку што тоа чини во земјата и потоа им го нудат на куппувачите во Грција како грчки производ, остварувајќи притоа големи заработки во ценовната разлика. 

Ваквиот масовен и неконтролиран увоз на млеко во Грција се должи на непостоењето на систем во земјата, кој би ја контролирал набавката на овој производ од странство.

- Во Грција и „море од млеко“ увезено од Балканот и Источна Европа. Само од Романија лани во Грција се увезени над 300.000 тони млеко, наведува весникот.