Балкан
26. October 2015 - 10:07

„Етнос“: екстремно-десничарски терористи подготвувале смртоносни напади во Грција

Грчката полиција уапсила петмина членови на националистичката „Група Ипсилон“, за кои се верува дека подготвувале смртоносни напади, пишува денеска грчкиот весник „Етнос“.

Според полицијата, екстремно-десничарските терористи планирале напади против админисрративни згради во градот Каламата. Петмината членови на терористичката „Група Ипсилон“ се идентификувани како извршители на неодамнешните бомбашки напади врз филијала на Централната банка во градот Каламата и врз споменикот на Константин Палеолог во Мистра.

„Етнос“ додава и дека во скривницата на терористите биле пронајдени експлозивни направи со голема разорна моќ.