Свет
24. December 2018 - 15:55

Етна повторно исфрла лава и пепел

Опсерваторијата на вулканот Етна соопшти дека овој активен сицилијански вулкан исфрла лава и пепел од нова пукнатина покрај необичното високо ниво на сеизмичка активност.

Опсерваторијата наведе дека до средината на денешниот ден се регистрирани 130 потреси од кои најсилниот бил 4,0 степени, пренесе АП.

Во соопштението се наведува дека лавата тече од вулканот и отворена е нова пукнатина во близина на југоисточниот кратер.

Засега нема повредени и исфрлањето на пепелот не предизвикува проблеми кај населението во најблиските градови.

Етна, најголемиот од трите италијански активни вулкани, особено активен е од јули.