Кошарка
19. August 2017 - 10:43

Естонија гостува во Приштина, Македонија чека победа на гостите

Вечерва се играат последните пет натпревари од претквалификациите за СП 2019. Тоа се дуели од 6.коло по кои ќе бидат познати и другите три екипи кои ќе продолжат во квалификациите.
За евентуален пласман на Македонија во следната фаза ќе решава резултатот на дуелот што се игра во Приштина меѓу Косово и Естонија. За Македонија „добитна комбинација“ е триумф на кошаркарите на Естонија.
 
Покрај овој дуел се играат и натпреварите:
Шведска - Словачка,
Ерменија - БиХ,
Португалија - Белорусија и
Албанија - Холандија.
 
За другите две места ќе решаваат во директни дуели: Ерменија - БиХ и Португалија - Белорусија.
Пласман во следната фаза имаат обезбедено селекциите: Шведска (А група), Австрија, Холандија (Б група), Естонија (Ц група), Бугарија (Д група).