Бизнис
24. јуни 2021 - 13:33

ЕСМ понуди пониска цена за струја од лани

ЕСМ понуди 7 посто пониска цена за струјата на тендерот на ЕВН Хоум. Според соопштението од ЕВН на денешната аукција државните електрани понудиле најповолна цена за електричната енергија од 36.1 евро за мегават час. Тоа е за 7 проценти пониска цена од онаа која ја понудиле на ланскиот тендер кога беше 38.8 евра за мегават час.

На тендерот биле пријавени две фирми.

 

Ирена Чачкова