Бизнис
27. November 2022 - 16:40

ЕСМ почна со приклучување на системот за субвенционирана струја, опозицијата обвинува дека се трошат милиони за увоз

За три дена поевтина струја ќе добиваат училиштата, прехранбениот сектор, јавни претпријатија за водоснабдување но и други субјекти кои се пријавија на повикот во АД ЕСМ од 1ви декември да добиваат субвенционирана струја.

Досега од 1820 пријави, верификувани се повеќе од 1000, а другите се уште се проверуваат. Од ЕСМ велат непречено се одвива процесот за снабдување со поевтина електрична енергија и сите пријавени кои ги исполнуваат условите ќе добијат поевтина струја од 1 декември.

- Субјектите кои имаа пријави со некомплетна документација се упатени од страна на ЕСМ. Продажба да ги добават документите кои недостигаат, со точни инструкции и понудена асистенција. Утврдени се само околу 20 такви случаи, кои по извршено комплетирање надокументите ќе бидат вклучени на поевтино снабдување од 1.1.2023г. – соопштија од ЕСМ Продажба.

Штедат и во министерството за здравство, а министерот анагжирал и посебен службеник кој ќе конторлира дали колегите рационална ја користета електричната енергија. Субвенционирана струја веќе добиваат дел од јавните здравствени уставнови кои склучиле договор со ЕСМ.

- Досега 24 здравствени установи имаат потпишано договор со ЕСМ продажба, од кои три се во фаза на потпишување и тие веќе добиваат електрична енергија по многу поповолна цена.  Во рамки на административната зграда на Министерството за здравство не се користат дополнителни грејни тела и се користи централно греење од клиничкиот комплекс. – сопштија од Министерството за здравство.

ВМРО-ДПМНЕ пак обвинува дека за неполн месец е увезена електрична енергија за околу 20 милиони евра, а оваа година кризната состојба во енергетиката е полоша од лани. Доказ за тоа се велат коруптивните тендери во РЕК.

- На 22.11.2022 година во РЕК Битола се склучува  коруптивен договор  во висина од  20.000.000 евра. На тендерот со еден понудувач „Марковски- компани“, која е фирма миленик на директорот Ковачевски за договори во четири очи, понудила точна сума - токму колку што планирале од РЕК Битола да потрошат. Најстрашно е што кога имало конкуренција во претходната 2021 година за истата услуга на истиот оглас во договор од 24.06.2021 година во РЕК Битола платиле 13.000.000 евра што е за 7.000.000 евра помалку.Кога на минатиот тендер имало наддавање и повеќе понудувачи, цената од планирани 13.500.000 евра паднала на 13.000.000 евра т.е. имало намалување од половина милион евра.Како е можно за истиот тендер минатата година РЕК Битола да платила 13.000.000 евра а оваа година 20.000.000 евра, цели 7.000.000 евра повеќе.

233 основни и средни училишта, 50 јавни претпријатија за снабдување со вода и 235 фирми од прехранбениот сектор се пријавиле во ЕСМ продажба и од први декември ќе користат струја по субвнеционирана цена од 80 односно 95 евра за мегават час.