Македонија
5. August 2022 - 16:41

Ескобар за Сител: Македонија е стабилен партнер и го заслужува напредокот

Македонија направи тешки реформи и заслужува да го продолжи патот кон европската интеграција. Јазикот и идентитетот не се спорно прашање за САД вели заменик помошник државниот секретар на САД за западен Балкан Габриел Ескобар на прашање за Сител за тоа дека преговаракиот процес со ЕУ почна, но за старт на преговорите се чекаат уставните измени.  

Американскиот дипломат вели дека Македонија се покажала како стабилен и лојален партнер во односите со САД и дека треба го продолжат конструктивниот дијалог со соседите за да го забрзат темпото на интеграција со ЕУ.

Иако прашан, сепак, американскиот дипломат не даде коментар за идејата за референдум на опозицијата за францускиот предлог и протоколот со Бугарија. Не одговори ни за тоа дали има некакви гаранции дека Бугарија нема да го искористи ветото и да ги внесе историските прашања во преговорите.

Во меѓувреме американскиот Сенат го потврди доаѓањето на новата амбасадорка на САД Анџела Прајс Агелер која од таму испрати порака дека приоритет ќе и биде борбата со корупцијата, судските реформи, владееењето на правото.

Во оваа насока, група американски сентари веќе предложија и нацрт-закон во Сентатот чија цел е економски развој, борба против корупцијата, но за специјални санкции за борба против дестабилизирачките активности на Западен Балкан.