Џет-Сет
13. October 2016 - 9:48

Ештон Качер го откри полот на второто дете

Ештон Качер, кој со Мила Кунис го очекува нивното второ дете. гостувајќи во емисијата „Тидејс Шоу“, откри дека двојката очекува син.

- Морам да признам дека малку сум уплашен поради доаѓањето на детето, иако веќе имам доволно искуство со ќерката. Но, сега нема да ја читам секоја книга за бременоста, призна тој во шега.

Ештон призна дека е под стрес околу тоа како нивната ќерка ќе реагира на братчето.

- Сепак на Мила и мене единствено ни е важно да израснеме добри и пристојни деца, заклучи тој. 

Мила и Ештон се заедно од 2012 година, иако се познавата со години уште од серија „Луди седумдесетти“, каде играа вљубена двојка.

Ештон во февруари 2014 година ја побара Мила за жена, а една година подоцна тие се венча во тајност.

Тие се познати по тоа што внимателното го кријат нивниот приватен живот од јавноста, но нешто мора да „протече“, затоа што, сепак тоа е Холивуд.