Есенскиот бран освен во болниците го зголеми притисокот и врз пунктовите за тестирање, вели Филипче
Есенскиот бран освен во болниците го зголеми притисокот и врз пунктовите за тестирање. Ние минатата недлеа веќе ги зголемивме капацитетите во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје со дополнителна смена и лабораторијата во болницата во Козле за 400 до 500 тестови на ден. Конкретно вчера имавме над 3.000 тестови и сега ги вклучуваме и брзите тестови кои ќе се прават во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје, во болничките установи, каде се примаат пациентите и не само тука во Скопје, туку и во другите болници, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека согласно распоредот, кој денеска го потврди и Комисијата, како и алгоритмот односно индикацијата кога се прави тој брз тест, дополнителни шест пункта ќе работат од понеделник тука во Скопје, согласно распоредот за тоа колку време е потребно да се земе брис и да се направи овој брз тест.
Дополнителни 500 термини во денот, потенцира, ќе бидат на располагање за сите граѓани и пациенти, почнувајќи од понеделник само за градот Скопје. Тој рече дека допололнително на овие 500 тестови, ќе бидат на располагање и тестови во болниците ширум државата.
– Матичниот лекар може да закаже за тестирање за кој било и во кој било момент и може да има пристап до термините. Наша задача беше да го зголемиме бројот на термини и значајно голема бројка ќе биде на располагање од понеделник, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење