Македонија
18. November 2015 - 11:03

Есенска дератизација во општина Гази Баба

Во општина Гази Баба во тек е акција за есенска дератизација со која ќе бидат опфатени 2.500 шахти.

Уништувањето на глодарите ќе трае околу две недели, а акцијата ја изведува ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Скопје” во соработка со ЈП Водовод и канализација.

Дератизација на шахтите во општина Гази Баба се врши два пати во годината, напролет и наесен.