Македонија
20. October 2018 - 15:24

Есенска акција за заловување кучиња скитници во Македонска Каменица

 Во Македонска Каменица заврши есенската акција за заловување кучиња скитници. Како што информираше градоначалничката Соња Стаменковска спроведувањето на акцијата се реализирало со помош на ветеринарна служба од Куманово која заловените кучиња скитници во понатамошниот третман ќе ги смести во стандардизирано прифатилиште.
 
– Во рамки на понатамошниот дел од акцијата куќињата скитници ќе бидат третирани со вакцинација и кастрација. Акцијата ќе продолжи и во следниот период, според потребите и планираните активности за заловување. Упатувам апел до жителите на општина Македонска Каменица и понатаму да ги пријавуваат појавите на кучиња скитници, за истите бидат навремено третирани и со тоа да се одбегнат несакани последици по здравјето и безбедноста на граѓаните, информира Стаменкова.

За заловување на кучињата скитници од општината за тековната 2018 година се издвоени средства во висина од 295 илјади денари. Во текот на досегашните акции во Македонска Каменица се заловени над седумдесетина кучиња скитници./МИА