Свет
9. March 2017 - 8:39

ЕС ќе избере нов претседател

Европскиот совет денеска ќе избере нов претседател. За функцијата се предложени Јацек Сариуш-Волски од Полска и неговиот сонародник Доналд Туск, досегашен шеф на институцијата.

Сариуш-Вилски вчера беше исклучен од Европската народна партија.

Се очекува денеска мнозинството од државните и владини раководители од ЕУ да го поддржат Туск за втор мандат.

Во останатиот дел од дневниот ред е разгледување прашања на ЕС за безбедноста по надворешните граници на ЕУ, миграцијата, ситуацијата на Западен Балкан, зацврстување на европската одбрана, економијата.

Европските лидери ќе изразат очекување од следниот месец да почне активирање на трговскиот договор со Канада. ЕС утре ќе заседава без претставник на Британија, јави БТА.