Живот
3. November 2015 - 14:03

Ервин бесен на женскиот пол во куќата на Големиот Брат

Ервин, Дарко, Ѓорѓе и Горан имаа прилика тајно да слушаат за што се зборува во радио емисијата на Барбара, Зорица и Јозефина.

Темата била: Кој станар го има најголемиот, а кој најмалиот љубовен мускул, како и со кој станар би сакале да се најдат на пуст остров?

И додека биле поделени мислењата околу најголемиот љубовен мускул, мислењето било едногласно околу најмалиот: Тоа е Ервин. Секако, тоа многу го погодило.

Програмата на ГБ радиото трае 96 часа и се прикажува на Јутјуб канал, а учесниците не смеат да направат пауза во приказната подолга од една минута и треба да пуштат повеќе од три песни една по друга.

Има неколку различни емисии кои траат по три часа, дозволено е двајца водители да ја водат емисијата и дозволено им е да интервјуираат гости.

Емисиите што одат во етер се: Женски приказни, Дебата, Васиќи најт шоу, Емисија за мажи, Будните бувови на Големиот Брат, Утринска програма на Големиот Брат, Васиќи гутен морген шоу, Точно напладне, Сосема интимно...