-->
-->
Еруптира вулканот Синабунг во Индонезија
-->
Вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра исфрли пепел и жешка пареа на повеќе од 5.000 метри во атмосферата и по неговите падини.
Вулканот е еден од трите во земјата кои моментно се во процес на ерупција. Четири века тој бил „заспан вулкан“ пред да еруптира во 2010 годин, при што загинаа две лица. Четири години подоцна во нова ерупција загинаа 16 лица, додека пред две години загинаа седум луѓе.
Поради сегашната вулканска ерупција, издаден е „црвен код“ за тревога за авиокомпаниите. Тоа значи дека ризиците се високи.
Во последниве години, поради зачестените ерупции на вулканот, околу 30.000 луѓе во областа ги напуштија своите домови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите