Свет
22. јуни 2018 - 8:40

Ерупција на вулкан во Јапонија

Вулканот Шинмоедаке во Јапонија денеска, првпат од април имаше експлозивна ерупција при што исфрли чад повеќе илјади метри во висина.

Според јапонската телевизија ТБС, парче карпа паднало околу 1.100 метри од вулканот.

Вулканот Шинмоедаке еруптура по силниот земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот беше регистриран во Осака, вториот по големина јапонски град. Во земјотресот загинаа шет лица, меѓу кои и деветгодишна ученичка, додека стотина се повредени.

Вулканот Шинмоедаке се наоѓа во рурално подрачје на околу 985 километри од Токио на островот Кјушу. Вулканот е познат по снимањето на филмот за Џемс Бонд „Само двапати се живее“ од 1967 година.