Ерупција на вулкан и силен земјотрес во Индонезија
Индонезискиот вулкан Маунт Рињани на островот Ломбок исфрли денеска пепел и камења во воздухот во висина од 3.500 метри, изјави портпаролот на Националната агенција за намалување на последниците од катастрофите, Сутопо Пурво.
Илјадници туристи останаа заробени на два острова, откако пепелта од вулканот затвори два аеродрома и прекри села и фарми.
Поради ерупцијата стопирани се летовите на аеродромот Нгурах Раи на Бали, кој се наоѓа на околу 135 километри од Ломбок и на аеродромот Селапаранг во Матарама, главниот град на покраината Западна Нусатенгара, на островот Ломбок.
Истовремено силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеорвата скала ја погоди источна Индонезија, поради што голем број луѓе ги напуштија своите домови во паника.
Засега нема извештаи за повредени и за причинета материјална штета. Властите соопштија дека нема опасност од појава на цунами.
Епицентарот на земјотресот бил на 28 километри североисточно од островите Алор, во источната покраина Нусатенгара. Геолошкиот институт на САД наведе дека земјотресот бил на длабочина од 14 километри.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори