ЕРТ: Нимиц во следните десет дена ќе ги посети Атина и Скопје
Посредникот на Обединетите нации во спорот за името на Македонија, Матју Нимиц, има намера во следните десет дена да ги посети Атина и Скопје, за со нив да го разгледа ова прашање, соопшти грчката телевизија ЕРТ.
Медиумот забележува дека дипломатот е оптимист и смета дека проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци.
Нимиц посочува дека предлозите што минатата недела ги упатил и претставил во Њујорк на стартот од преговорите се општоприфатиливи за двете земји, и дека дал уверување оти тие го гарантираат „националниот идентитет“ на поранешната југословенска република Македонија (БЈРМ).
Американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Брајан Ји за агенцијата Блумберг изјави дека двете земји имаат реална шанса, веројатно, најдобрата досега, да го решат својот спор за името на Македонија.
- Во Атина и Скопје има политичка волја и верувам дека решението е достижно, посочи Ји.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата