Ерменија заинтересирана за македонскиот модел на рамномерен регионален развој
Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу денеска оствари средба со делегација од Министерството за територијална администрација и развој на Ерменија.
Ерменската делегација, информираат од Кабинетот на Фазлиу, е заинтересирана за македонскиот модел на рамномерен регионален развој, поради, како што беше речено, сличните карактеристики на двете земји.
Министерот Фазлиу истакна дека новата Влада за приоритети ги има поголемото финансиско осамостојување на општините и интегрирано планирање на рамномерниот регионален развој, со вклучување на капиталните дотации и зголемување на обемот на средства кои што ќе бидат насочени кон планските региони.
- Регионалната политика е еден од основните инструменти и за воедначување на развојот на земјите од Европската унија. Од таму исклучително е важно и на национално ниво да се спроведуваат политики кои што се компатибилни со европските и преку кои можат да се обезбедат средства од претпристапните фондови на Унијата, рече министерот Фазлиу.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица