Балкан
30. January 2017 - 10:31

Ерјавец: Словенија сака да организира средба на Трамп и Путин

Словенија е подготвена да понуди место за состанок на претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Влидимир Путин, изјави шефот на дипломатијата на земјата Карл Ерјавец. 

- Земјаќи го предвид фактот дека успешно го организиравме состанокот на Џорџ Буш и Путин. Сергеј Лавров истакна дека тој не гледа причина да не се повтори состанок на тоа ниво. Сето тоа, секако, зависи од Трамп и Путин, наведе Ерјавец во интервјуто за „Журнал 24“. 

Доналд Трамп и Владимир Путин остварија телефонски разговор на 28 јануари. 

Во текот на разговорот шефовите на Русија и САД се договорија да работат на времето и местото за одржување на состанок