Ерик Рубин: Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија е позитивен чекор за Балканот
Потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија претставува позитивен чекор напред за Балканот, изјави денеска американскиот амбасадор во Софија, Ерик Рубин по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
- Имав многу добра куса средба со премиерот на која ја изразив нашата поддршка за плановите за поптишување на Договорот со Македонија, кој мислам дека претставува позитивен чекор напред за Балканот, изјави Рубин.
Како што јави БТА, Рубин истакна дека САД силно ги поддржуваат напорите на бугарската и на македонската влада за потпишување на договорот.
- Исто така го поддржуваме напедокот на Бугарија и на Грција за реализација на интерконекторскиот (гасен) проект, кој е многу важен за енергетската диверзификација на Европа, додаде Рубин.
Тој нагласи и дека САД ја поддржуваат визијата на Бугарија за време на председавањето со ЕУ својот фокус да го насочи кон Балканот, со што, според него, Софија може да одигра клучна улога.
Ново на Сител
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК